Telecommunication

Секторот за комуникации во моментов се соочува со период на интезивни промени интензивирани со технолошки иновации. Извонредно конкурентниот пазар става огромен притисок врз операторите и сервис провајдерите кои постојано мораат да го прошируваат опфатот на своите услуги додека истовремено го подобруваат развојниот процес и ги намалуваат трошоците за одржување. Огромниот притисок врз стратегијата за определување на цените води кон интензивни напори за намалување на трошоците, на пример, со (делумна) екстернализација на мрежното функционирање или фокусирање на самата главна дејност. Постојано се зголемува потребата од соработка со партнери и добавувачи, со поддршка од технологијата.
С&Т нуди консултации и поддршка на телекомуникациските провајдери во усогласување и развој на нивните деловни процеси, како и брз развој и прилагодување на нивните услуги и оперативни системи за поддршка.

Експертизата на С&Т во телекомуникациската и datacom индустријата покрива консултации, проектирање и развој, како и имплементација и интеграција на водечките теле- и datacom производи. Telecom Business Solution тимот на С&Т има широко искуство со различни развојни платформи (стандардни/приватни оперативни системи, real-timeоперативни системи), користејќи разновидни архитектури и вградени системи.

С&Т соработува со оператори на фиксна и мобилна телефонија, реномирани компании со искуство на пазарот како и нови компании кои штотуку влегуваат во него, преку обезбедување консултантски услуги, проект менаџмент, системска интеграција и оперативна поддршка, заедно со сеопфатно портфолио на првокласни производи и решенија.

Овие услуги вклучуваат решенија како:
  • Планирање на мрежа на мобилна телефонија, оптимизација, конфигурација и менаџмент на перформанси
  • Осигурување на деловни и сервисни решенија – идеално за управување со големи и комплексни ИТ опкружувања
  • Инвентар – OSS решенија базирани на интелигентна, активна база на податоци за залихи
  • Менаџмент на измама, заштита на приход и сигурносни решенија за жични, безжични и мрежи на новата генерација.
  • CDR (call detail record) менаџмент на витален циклус - собирање и архивирање на CDR поради исполнување на законска регулатива
  • Осигурување на клинети – кориснички услуги, складирање на податоци, системи за поддршка на деловна интелигенција
  • Управување со мрежи (Network Management) – OSS-и; снабдување со мрежа, менаџмент, мониторинг.
  • Менаџирани услуги – пренос/транспорт на податоци, деловен континуитет/ спречување на катастрофи, бекап на PC/сервер, архивирање на електронска пошта
  • Техничка инфраструктура како сервери, системи за складирање, и врвни безбедносни решенија
  • Менаџмент на документација, решенија на деловна интелигенција и екстернализација на деловни процеси

Избрани референци во областа на телекомуникациите

Албанија Abissnet Sh.a.
Австрија Orange Business Services
Telekom Austria AG
Босна и Херцеговина BH Telecom
HT Mobilne Komunikacije
Бугарија BTC
Mobiltel AD
Motorola Bulgaria
VivaTel
Cosmo Bulgaria Mobile
Siemens
Ericsson
Хрватска Croatian Telecom
Optima Telekom
T-Mobile
VIPNet
Чешка Република Netia Telekom SA
Tiscali Czech Republic
HT-HRVATSKE TELEKOMUNIKACIJE d.d.
T-Mobile Hrvatska d.o.o.
VIPnet d.o.o.
Унгарија Pannon GSM
T-Mobile Hungary
Германија Sunrise
Македонија Makedonski Telekomunikacii
T-Mobile Macedonia
ONE Telecomunication
Nov Operator (Mobilkom Austria)
Молдавија Moldcell
Orange Moldova
Црна Гора Internet CG
ProMonte
Telekom
Полска Telekomunikacja Polska
Романија Romtelecom
Vodafone
Orange
Русија Vimpelcom/Beeline
MTS
Megafon
Gordon Telecom
Mobile TeleSystems
Vympel Communications
Србија Pro Monte
Serbia BroadBand (SBB)
Serbian Telecom
Telenor d.o.o.
Словачка eTel Slovensko
Orange Slovakia
Slovak T-com
Slovak T-mobil
Словенија Si.Mobil d.d.
Telekom Slovenije d.d.
Mobitel d.d.
Украина Astelit
Kyivstar
UMC
Ukrainian HighEST Technologies
Ukrainian Mobile Communications
Ukrainian RadioSystems
Ukrtelecom