Телекомуникации

СиТ Македонија своите најзначајни клиенти ги наоѓа во телекомуникацискиот сектор. Oвој сектор во моментов се соочува со период на интезивни промени интензивирани со технолошки иновации. Извонредно конкурентниот пазар става огромен притисок врз операторите и сервис провајдерите, кои постојано мораат да го прошируваат опфатот на своите услуги, додека истовремено го подобруваат развојниот процес и ги намалуваат трошоците за одржување.

Огромниот притисок врз стратегијата за определување на цените води кон интензивни напори за намалување на трошоците, на пример, со (делумна) екстернализација на мрежното функционирање или фокусирање на самата главна дејност. Постојано се зголемува потребата од соработка со партнери и добавувачи, со поддршка од технологијата.

Клиенти на СиТ Македонија од овој сектор се:
  • Македонски Телеком АД
  • ONE.VIP Македонија

TELECOMMUNICATION CUSTOMERS (S&T GROUP)