Унифицирана комуникација

Унифицираната комуникација нуди можност за подобрување на интеракцијата и комуникацијата помеѓу луѓето, и овозможува поефикасна деловна комуникација отстранувајќи ја компелксноста и овозможувајќи им на клиентите, партнерите и соработниците да стапат во контакт со вистинскиот извор во вистинско време. Унифицираната комуникација овозможува длабоки и разновидни начини на размена на информации кои ги забрзуваат деловните процеси на донесување одлуки и континуитет на работа.

Пристапот на иновативни и колаборативни ситеми кон безбедност, поврзување и комуникации им овозможува на клиентите да ги подобрат и оптимализираат своите бизниси преку отворена но безбедна платформа, т.е. координацијата на повеќекратни комуникациски канали и намалувањето на човековата латентност во деловните процеси.

Клучните технологии вклучуваат Internet Protocol (IP)-PBX, voice over IP (VoIP), присуство, e-mail, аудио и веб конференции, видео конференции, говорна пошта, унифицирани пораки и инстант пораки( instant messaging -IM).
  • IP телефонија и софтфоун (softphone) апликации како замена за традиционалната PBX архитектура.
  • Унифицирани пораки како интегриран дел од говорна пошта со e-mail, бидејќи e-mail-от еволуира кон помоќен систем на знаење и алатка на контакт менаџмент.
  • Претходно разделените аудио, видео и веб конференциски можности можат да се конвергираат во разновидни форми.
  • Решенија на инстант пораки како основа на карактеристична и итна комуникација која овозможува едноставна колаборација бидејќи, за разлика од „класичниот“e-mail , страните знаат дали другата страна е достапна.
  • Интеграција на комуникациски функции директно со бизнис апликации како ERP Systems (Communications-enabled business processes) за намалување на латентноста во критични деловни процеси и подобрување на делувањето при важни настани преку автоматизирана комуникациска активност.


Независно дали компанијата размислува за замена на постоечката традиционална PBX инфраструктура, или веќе имплементирала дел од горе наведените клучни технологии, С&Т поседува експертско знаење за анализа и планирање на идна стратегија на унифицирани комуникации за компании од различни големини и различен опфат на делување. Ќе ви помогнеме да ги идентификувате можните ризици, да ги разберете вашите потреби и организациска поставеност и , заедно со вас, ќе создадеме соодветен план за имплементација и припојување со примена на врно решение на унифицирана комуникација.

Partners:Cisco