Архивирање

Со нашите решенија за архивирање се фокусираме на обезбедување помош на нашите клиенти да ги исполнат правните услови и задолжителните критериуми како и да ги подобрат оперативната ефикасност и трошоците.
Затоа С&Т обезбедува метод на архивирање базиран на податоци, континуитет на работа и апликација, користејќи најдобра комбинација на технологии и продавачи.

Нашата експертиза на архивирање опфаќа:
  • Планирање на ресурси на претпријатија (ERP) , складирање на податоци и деловна интелигенција....... Нашата експертиза се протега од класично архивирање на атачирани документи до архивирање на содржина на база на податоци и магацин на податоци. Обновувањето на ERP податоци без апликации претставува сретство за долгорочна заштита на податоци независна од идни промени на ERP апликации и изданија.
  • Менаџмент на содржина, документација и архива на претпријатие (Enterprise Content, Document & Record Management) … каде архивирање базирано на интегрални правила често претставува составен дел на работниот прогрес. Овие решенија се повеќе се прошируваат да опфатат поддршка на интеграцијата на приливот на информации од извори на хартија како што се договори и формулари.
  • Email и пораки … составен дел од деловната документација и комуникација, а со тоа предмет на зголемени барања и чувствителност. Тоа исто така води кон предизвици за архивирање кај специфични индустрии како ЕУ-регулативи за зачувување на податоци во телекомуникациската индустрија каде архиви од „гласовни снимки„ станаа вообичаени.
  • Во поширокиот опфат на Менаџментот на витален циклус на информации (Information Life Cycle Management), комплексни подгрупи од Enterprise File системи се идентификуваат и архивираат, вклучувајќи алатки кои овозможуваат паметна автоматизација на анализата на архивата и соодветната содржина.