Центар за „приближување“ (Nearshoring Center)

Предизвик

Поради сé поголемата комплексност и интеграцијата на бизнис менаџмент решенијата, меѓународните мали и средни претпријатија (Small and Midsize Enterprises- SMEs) имаат потешкотии успешно да раководат со ИТ проекти без надворешна помош. Затоа, сорсингот на ИТ услугите-како на меѓународно така и на локално ниво-е витален за конкуретните мали и средни претпријатија. Додека бенефициите од трошоците од странските и далечни (offshore) провајдери на услуги се цврсто утврдени, таквите извори не секогаш се најдоброто решение за малите и средни претпријатија кои бараат поприлагодени решенија. На пример, јазични препреки, различни временски зони и недостиг на информации за статусот на одреден проект можат да претставуваат проблем. Постои, сепак, алтернативно сервисно решение за малите и средни претпријатија- „приближување“ –(nearshoring).
Nearshoring-от ги комбинира бенефициите од локален добавувач, како што се близината и познавањето на англискиот јазик, со атрактивните цени. Експанзијата на ЕУ и, особено, отстранувањето на правните пречки, го прават nearshoring-от атрактивна опција за многу европски компании, како и компании во САД со меѓународни канцеларии.

Решенија


Nearshoring-от е атрактивно решение за компании чии проекти бараат интензивен период на развој и специјалисти со длабок домен на стручност. Доколку компаниите менаџираат такви проекти самостојно, тие ќе мораат да распределуваат сретства за координација и проект менаџмент потрај за квалификуван професионален персонал. Со nearshoring-от, сепак, компанијата може да продолжи да работи со постоечко решение додеко истовремено развива ново.

Бенефиции:


Nearshoring-от нуди бенефиции како:
  • Географска близина која овозможува флексибилно локално ангажирање на членови на проект тим, особено за време на критичните фази на проектот
  • Сличната културна средина, идентичната временска зона и познавањето на сервис провајдерот на локалниот и англискиот јазик ќе резултираат со помала загуба на добивка за време на проект менаџментот и контролирањето.
  • Зголемена контрола на клиентот врз проект менаџментот
  • Покуси развојни периоди